Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ над 20 години раководи со Град Скопје и општина Гази Баба, а денес вината за „Дрисла“ и „Вардариште“ ја бара во опозицијата

41a05c93 600d 4865 85ed ff5ca928cbbb.jpeg

Цела недела Скопје се гуши од пожарите што наизменично се пиојавуваат на „Дрисла“ и на „Вардариште“ а наместо решенија, власта денеска прстот го вперува во опозицијата.

На премиерот Мицкоски чудно му било како имало пожари во институции раководени од ДУИ, алудирајќи на актуелниот директор на ЈП „Дрисла“.


Мицкоски најави одговорност додавајќи дека со децении ништо не се санирало и правело околу депонијата.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски посредно управува со депонијата најмалку од 2005 година кога градоначалник на Скопје (под чија надлежност е Дрисла) е Трифун Костовски со поддршка токму на ВМРО-ДПМНЕ.

За волја на вистината, во времето на Коце Трајановски, уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје се впушти во давање на под концесија на италијанската„ФЦЛ Амбиенте“ која за директор го имаше назначено Горан Ангелов кој своевремено ќе се кандидара и за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури во 2020 година тогашниот градоначалник Петре Шилегов ја врати депонијата под надлежност на Град Скопје.
Сличен е случајот и со претоварната станица „Вардариште“ која е на територија на општина Гази Баба.

Оваа општина од првите локални избори во независна Македонија, од 1996 година, е раководена од ВМРО-ДПМНЕ, со еден кус период од 2017-2021 година.

Речиси сите кандидати за градоначалници, меѓу кои последните актуелни градоначалници Бобан Стефковски и Данела Арсовска за „Вардариште“ и „Дрисла“ ветуваа дислокации, пренамени, осовременувања.

Оттогаш па се до денес, за овие две локации константи се две работи: празните ветувања и канцерогениот чад.

Можете да прочитате

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници

Собранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Нема загадување, мониторинг системот мери чист воздух вели Министерството