Утрински Весник
Свет

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Sijarto.webp.webp

Унгарија е решена да се заштити себеси и Европа од нелегална миграција и го повикува Брисел да ги прекине двојните стандарди по ова прашање, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

По состанокот на министрите за надворешни работи на Ц5 на земјите од Централна Европа – Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Словенија, Сијарто на прес-конференција нагласи дека нелегалната миграција е „еден од најсериозните заеднички предизвици со кои се соочува регионот“, објавува агенцијата МТИ.


„Унгарија потроши стотици милијарди форинти за заштита на границите од 2015 година, со што ја заштити не само Унгарија, туку и Централна и поширока Европа од потенцијален бран од милион нелегални мигранти“, рече тој.
Сијарто рече дека им кажал на своите колеги дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја пофалила Полска за изградба на ограда на границата и ветила финансиска помош, додека Унгарија плаќа дневна казна од еден милион евра на Брисел за заштита на надворешната граница на ЕУ.

„Ова е сериозна неправда и груб двоен стандард“, рече Сијарто.

Тој ги замоли своите колеги министри, „во духот на централноевропската солидарност“, да помогнат во решавањето на проблемот.

Можете да прочитате

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус