
56 годишен пациент во психијатриската болница Бардовци треба да плати за неговата шест месечна хоспитализација како приватно лекување бидејќи иако е роден во Македонија нема македонско државјанство. Неговата ќерка која е самохрана мајка и сакаше да остане анонимна за Телевизија 24 објаснува дека нејзиниот татко е израснат во дом за деца без родители и цел живот живее само со извод дека е роден во Македонија. Вели дека иако барала одговори од сите институции сепак не добила зошто нејзиниот татко не може да биде рамноправен граѓанин во својата земја. Покрај проблемите со државјанството таа вели и дека 56 годишниот пациент во болницата не добива хуман третман.
Цел живот е оставен на сам на себе. Државјанство нема. Во меѓувреме пред 6 месеци тој паѓа болен и не беше прегледан од брзата помош беше упатен во директно во Бардовци. Таму не му беа направени прегледи. Што и како се случи не знам за две недели човекот ослабе, врзан е шест месеци и ослоабен е. Пред умирање е. Се обратив каде не и во Влада и во министерство пошто човекот е граѓанин на оваа држава.
Покрај проблемите со здравјето на нејзиниот татко, жената дополнително се грижи и за својата болна мајка но и за двете свои малолетни деца. Таа за телевизија 24 раскажа дека нема постојана работа и живее во тешки услови. Во 2021 година аплицирала за социјален стан но тогаш од Владата не добила никаков одговор.
Јас сум самохран родител, моментално сум без работа, избркана сум од работа за време на боледување. Живеам под кирија. Имам поденесено документи за социјален стан уште во 2021 година и тогаш немав ни позитивен ни негативен одговор.
Телевизија 24 испрати прашања до сите надлежни институции, меѓу кои и болницата во Бардовци за да прашаме за уѕсловите дијафгнозата и начинот налекување , но оттааму молк. Дел од институциит си ја префрлаат одговорноста , од дел пак не одговорија на нашите прашања. Од управата за водење на матични книги објаснуваат дека во матичната евиденција нема никакви препреки за човекот за прием или отпуст од државјанството. Телевизија 24 испрати прашање и до МВР за тоа зошто човекот 56 години не добил македонско државјанство, но до објавување на овој прилог не е добиен никаков одговор.