Утрински Весник
Македонија

Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации

Mucunski 1192025 3.jpeg

Рамкaта за соработка на ОН 2026 – 2030 претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години.

Инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување. Ова се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (UNSDCF) 2026 – 2030, што денес ја потпишаа Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбија.


Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Тој се надоврзува на досегашната соработка меѓу ОН и Владата и претставува основа за блиски партнерства меѓу националните и меѓународните партнери за унапредување на постигнувањата од Националната стратегија за развој (NDS) 2024–2044, процесот на интеграција во Европската унија и Агендата 2030 (Целите за одржлив развој).

“Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Документ на кој сите сме многу горди! Сите активности предвидени во новиот Рамковен договор за соработка се комплементарни и во функција на европската интеграција на нашата земја. Новата Рамка за соработка е развиена во тесна соработка со Владата, следејќи обемен консултативен процес со различни институции и организации, со што се потврдува инклузивноста на процесот. Нашата Влада ќе продолжи да работи блиску со ОН за постигнување на поодржлив развој и ќе остане цврсто посветена на градење на просперитетно и инклузивно општество, создавајќи услови за посветла и поздравa иднина за сите наши граѓани,” истакна Муцунски.

Рамката за соработка на ОН претставува заедничка понуда на ОН во поддршка на националните развојни приоритети на Владата на Северна Македонија.

“Новиот договор за соработка е резултат на нашата заедничка визија со Владата, обликувана од вредни увиди од граѓанското општество, академската заедница и луѓето од секој агол на нашата заедница. Овој договор ја претставува нашата заедничка посветеност кон подобрување на животот на сите во земјата. Заедно утврдивме четири клучни приоритети што се меѓусебно поврзани и дизајнирани да се поддржуваат. Овие приоритети се усогласени со Националната стратегија за развој и ја претставуваат обединетата заложба за напредок на одржливиот развој, без да се остави никој зад себе. ОН ќе работи рамо до рамо со народот на Северна Македонија за создавање на посветла иднина за сите!” рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН.

Вкупно 15 агенции, програми и фондови на ОН (FAO, ILO, IOM, ITU, UNDP, UNECE, UNEP, UNFPA, UNHCR, UNICEF, UNIDO, UNOPS, UN Women, WHO) ја потпишаа Рамката за соработка, обврзувајќи се да ја поддржат и придонесат кон напредокот на земјата во постигнувањето на Целите за одржлив развој во наредниот период.

Можете да прочитате

Комплетно реконструирани седум оперативни сали во ГОБ „8 Септември“ – првата операција до крајот на годинава

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Мицкоски го правда Фетаи: Уште го учи македонскиот јазик оти се иселил на шест години