Утрински Весник
Свет

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Kaja Kalas.jpg

Европската Унија најостро го осудува намерното прекршување на воздушниот простор на нејзина земја членка од страна на руски дронови што се случи на 10 септември, се вели во официјалната писмена изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас упатена во име на блокот поради упадот на руски дронови во воздушниот простор на Полска. 

– Овој агресивен и неодговорен чин е дел од сериозна ескалација на состојбите од страна на Русија. Тој ја загрозува безбедноста на граѓаните на ЕУ, регионалната стабилност и меѓународниот мир, се додава во изјавата во врска со, како што е наведено, „неиспровоцираното прекршување на воздушниот простор на ЕУ од страна на Русија“. 


Според Калас, овој случај само ја зајакнува решеноста на ЕУ да ја поддржува Украина и нејзиниот народ во нивната одбрана од Русија и нивниот стремеж кон сеопфатен, праведен и траен мир. 

– Дополнително ќе ја зголемиме цената што треба да ја плати Москва со значително зајакнување на санкциите кон Русија и нејзините поддржувачи. Исто така, ќе работиме со нашите меѓународни партнери за да извршиме притисок врз Русија да ја прекине оваа војна, се нагласува во изјавата. 

Калас потенцира и дека упадот на руските дронови над територијата на Полска е најново во низата кршења на суверениот воздушен простор на земјите членки на ЕУ од 2022 година. 

– Изразуваме целосна солидарност со Полска и продолжуваме да и ја нудиме поддршката што и е потребна за заштита на нејзината источна граница. Со полските власти сме во постојан близок контакт, се додава во изјавата на Калас.

Можете да прочитате

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа