Утрински Весник
Македонија

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

Galetanovski 1.jpg

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски, се огласи по неодамнешниот инцидент, благодарејќи им на пријателите и колегите за поддршката.

„За жал, некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам, така и ќе продолжам“, напиша Галетановски на својот профил.


Тој најави дека од денес ќе преземе активности за да помогне органите во спречување на криминални дејствија што, како што вели, го нарушуваат мирот на граѓаните.

„Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, додаде Галетановски.

Притоа, тој повика сите граѓани кои имаат веродостојни информации за извршителот или нарачателот на случката да го контактираат, најавувајќи симболична награда од 2.000 до 3.000 евра.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор