Утрински Весник
Македонија

Луиџи Ди Мајо: Бујар Османи е доверлив човек и пријател на Европа

124.webp.webp

Соопштение на ДУИ:

Поранешниот италијански министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, преку видео-порака испрати силна поддршка за кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Општина Чаир.


Во емотивното обраќање, Ди Мајо ја истакна европската ориентација на Османи и неговата посветеност во јакнењето на меѓународните односи:

„Бевме министри за надворешни работи заедно, служевме заедно. Пред сè, Бујар е голем и почитуван пријател на Европа и на Европската унија. Многу добро се сеќавам на неговите напори да ги зајакне односите меѓу Северна Македонија и Европската унија и на неговите амбиции да ја доближи земјата кон членството.”

Тој посебно ја нагласи улогата на Османи во зајакнувањето на врските меѓу Северна Македонија и Италија:

„Ти си голем пријател на Италија. Работевме многу заедно за да ги доближиме нашите земји и нашите народи. Се сеќавам на твоите горди зборови за дијаспората и за значењето на граѓаните на двете земји во градењето мостови меѓу нашите нации и влади.”

Ди Мајо ја заврши својата порака со лично признание и отворена поддршка:
„Ти си мој многу добар пријател, затоа што си доверлив политичар. Ти посакувам многу успех во новиот предизвик. Сигурен сум дека сериозните, вештите луѓе и силните бранители на своите граѓани секогаш ќе бидат поддржани во политичката конкуренција. Среќно со кандидатурата, среќно на твоите сограѓани и на твојата земја.”

Со оваа видео-порака, Луиџи Ди Мајо недвосмислено ја изрази својата поддршка за Бујар Османи во трката за градоначалник на Чаир, нагласувајќи дека неговата кандидатура е нова можност и за граѓаните и за државата

Можете да прочитате

Муцунски на свечен настан во Стразбур по повод Денот на независноста и 30 години членство во Советот на Европа

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?