Утрински Весник
Економија

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно

Market.webp.webp

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4  проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2.1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 проценти, Рекреација и култура за 0.3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.


Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.1 процент, Облека и обувки за 0.6 проценти, Здравје и Образование за 0.1 процент

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.

Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто за месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво.

Можете да прочитате

Протест на ССМ на 28 јануари

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

Азески: Новите правила за влез во шенген зоната ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји