Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Jovica j sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ – СДСМ

Нов ден, нов скандал на власта.


Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка.

Иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има најмалку.

Со тендерот всушност власта купува скапа опрема за промоција и организирање на настани: озвучување, микрофони, видео ѕидови, шатори, дрон, камери, дим-машини, светлосни ефекти….

Со еден збор, целосна сценографија за кампања.

Дали граѓаните со народни пари ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори?

Оваа злоупотреба на народни пари мора веднаш да запре.

Бараме итно поништување на овој договор и одговорност од сите инволвирани.

Бараме итна реакција на Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство.

Ова е класичен пример за предизборна злоупотреба на институциите и парите на граѓаните и мора да има одговорност.

Наместо пари за поголеми плати, за подобрување на животниот стандард на граѓаните владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски расфрла милиони евра само за нивни партиски интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ја третира државната каса и парите на граѓаните како свои.

Македонија е држава на сите граѓани, а не сопственост на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност мора да има.

Можете да прочитате

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен

Исчезната скопјанка со здравствен проблем, пронајдена и вратена дома