Утрински Весник
Македонија

Левица: Јанушев со тендер од 1 милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Владата на Мицкоски, чиј рејтинг вртоглаво паѓа, периодов преку агресивен предизборен поткуп ги користи сите ресурси на државата за да ги спаси своите функционерски фотелји. Левица обелоденува скандалозен тендер, склучен од амнестираниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, каде под наводен договор за симултан превод, еден милион евра државни пари ќе се потрошат за организирање на скапите митинзи на ДПМНЕ.


Скандалозниот тендер од еден милион евра го добива струмичка фирма „СМ АРТ ВИЗ АРТ ДООЕЛ” (во сопственост на Петар Божинов), каде во спецификацијата јасно стои дека се изнајмува опрема за озвучување, микрофони, бубици, монитори, осветлување, дим-машини, проектори, односно целосна опрема за организирање партиски митинзи. Јасно е дека владината служба нема никаква рационална потреба за изнајмување скапа опрема за организирање настани и дека овие државни пари незаконски ќе завршат за организирање на предизборната кампања на најбогатата партија во Европа!

За Левица е скандалозно што јавното обвинителство молчи пред очигледната предизборна злоупотреба на државни ресурси и не иницира никаква постапка. Дополнително, очигледно е дека тоталитарните методи на владеење на ДПМНЕ повторно ја заробија Антикорупциска комисија, која наместо да го следи однесувањето на државните институции во предизборниот период, истата е само продолжена рака на партијата на Мицкоски. 

Расипничкото расфрлање со речиси милион евра јавни пари од страна на Владата предводена од Христијан Мицкоски, е јасен доказ за најдрска злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Наместо за училишта, болници и реални потреби на граѓаните, се трошат милионски суми за ДПМНЕ да го спаси својот рејтинг, после една година катастрофално менаџирање на власта.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ