Утрински Весник
Македонија

„Гола месечина“ по 12-ти пат во Аеродром од 10. до 13. септември

Gola mesecina 12.webp.webp

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, традиционално по 12-ти пат ќе се оджи од утре, 10 септември (среда) до 13 септември (сабота), во паркот Авионче во Општина Аеродром.

На првиот фестивалски ден со почеток во 20 часот ќе се одигра претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер во режија на Жељко Стјепановиќ. Претставата е на Градско позориште Јазавац – Бања Лука, Босна и Херцеговина, во која играат Снежана Мишиќ, Жељко Еркиќ и Жељко Стјепановиќ.


На 11 септември (четврток) ќе се одигра претставата „За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски. Во претставата, која е дел од Здружението МАНА – Скопје, играат актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви.

На 12 септември (петок) на репертоарот е претставата „Вонбрачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ. Во претставата, која е дел од Сцена Маска – Шабац, играат актерите Анета Томашевиќ, Наѓа Ристиќ, Душан Симиќ и Иван Томашевиќ.

На 13 септември (сабота) ќе се одигра претставата „Ива и Глорија“ од Глорија Дубељ и Ива Шимиќ Шакороња, во режија на Јан Керекеш. Во претставата, која е дел од Театар Керекеш – Вараждин, Хрватска, играат актерките Глорија Дубељ и Ива Шимиќ Шакороња.

Истата вечер, од 21:20 часот, како дел од придружната програма, ќе настапи Бојан Велевски со својот стендап-настап.

Претставите годинава ги избра Роберт Ристов,  а на последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите, за кои ќе одлучува жири во состав Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мирјана Поповска Ристов.

Претставите почнуваат од 20 часот, а влезот е бесплатен за сите. Ве покануваме на многу смеа, забава, дружење и создавање заеднични спомени во последните денови од летото.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ