Утрински Весник
Македонија

СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, рокот за замена е до 15 септември

20250909080110 big 730x400 87.webp.webp
Dik 300x250 mk

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на останати државни институции.


Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули.

– Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, појаснија тогаш од СОЗР.

Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

– Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции, беше нагласено во соопштението од СОЗР. 

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница