Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“

Pozar 5.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во атарот на селото Никуштак во општина Липково сеуште е активен и се шири кон Орланци, Скопска Црна Гора, како и кон селото Матејче и манастирот Пресвета Богородица.

Покрај екипи од подружницата на „Национални шуми“ од Куманово, во гаснењето од 10 часот се вклучени и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.


ЦУК

Можете да прочитате

Независноста создава држава, совеста создава државност – 24info.mk

ХРОНОЛОГИЈА: 35 години независна Македонија – клучни датуми и настани

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност