Утрински Весник
Македонија

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени

Img 6251.jpeg

Компанијата „Макпрогрес“ од Виница соопшти дека големиот пожар кој вчера попладне ја зафати нивната кондиторска фабрика „Винчини“ предизвикал целосно уништување на еден производствен погон со три автоматизирани линии за наполитанки, вафел барови и тортички, како и два магацини – еден со суровини и еден со готови производи.

„Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови за нас. Најважно е дека немаше човечки жртви – сите вработени се безбедно евакуирани, како и дека нема загинати меѓу пожарникарите кои храбро се бореа со огнената стихија,“ велат од компанијата.


Во текот на интервенцијата хоспитализирани биле 12 лица – три пожарникари и девет работници. Осуммина вдишале чад, а четворица се со полесни изгореници. Менаџментот на „Макпрогрес“ денеска ги посети хоспитализираните во Кочани и Скопје и им посака брзо закрепнување.

Од компанијата изразија огромна благодарност до сите сили кои учествуваа во гаснењето – институциите, пожарникарите, медицинските екипи, полицијата, Црвениот крст, бизнис заедницата, локалните власти, доброволците и граѓаните. „Солидарноста која ја видовме уште еднаш потврди дека Македонија знае да застане заедно кога е најтешко,“ се наведува во соопштението.

Иако пожарот и по 27 часа од избувнувањето е сè уште активен на две места, надлежните служби уверуваат дека нема ризик од негово проширување.

„Макпрогрес“ најави дека фабриката ќе биде обновена повторно во Виница и дека сите вработени кои останале без работни позиции ќе бидат прераспоредени, со цел никој да не ја изгуби својата работа. Компанијата, исто така, најави дека цените на производите ќе останат достапни, а дел од нив ќе се намалат за да се поттикне продажбата.

Надлежните институции работат на утврдување на причините за пожарот, а од „Макпрогрес“ апелираат јавноста да почека на официјални информации.

Можете да прочитате

Давкова по повод 8 Септември: Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!