Утрински Весник
Македонија

Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од автопатот Кичево – Охрид

Img 6133.jpeg

Службата за односи со јавност на Владата денеска информира дека утре, 07 септември 2025 година (недела), премиерот Христијан Мицкоски ќе пушти во употреба уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид, чија изградба трае повеќе од една деценија.

Настанот е закажан за 11:00 часот, а ќе се одвива кај клучката во близина на охридскиот аеродром. Од Владата не се соопштуваат дополнителни детали.


Инаку, во јули годинава беа пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот, на потегот од Врбјани до Ботун. Покрај тоа, премиерот и владините претставници во повеќе наврати извршија увид на градежните активности.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври