Утрински Весник
Македонија

Во Битола Левица ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски

Photo 2025 09 06 14 13 49.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа за Битола со која Левица ќе настапи на престојните локални избори. И официјално, ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски, како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град.


Во градот кој е бастион на Левица, веруваме дека поддршката за кандидатот Зоран Николовски претставува авангардна комбинација која ќе донесе промени и нови идеи за Битола. 

На овие избори настапуваме со јасна визија за нашата Битола, во која ги обединуваме прогресивните и компетентни потенцијали, создаваме платформа на интелектуалци и професионалци, кои целото свое знаење ќе го стават во служба на една идеја – Битола.

За една света идеја – Битола.

Можете да прочитате

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Левица: Заеднички фотографии на Томовски и директор на фирма со 160 тендери не се доказ за корупција за ДКСК

Слободата на говорот – што се случува по изговорениот збор?