
Во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Идризово на 2 септември 2025 година се одржа несекојдневен музички настан. На сцената, заедно со еден од најпознатите балкански хип-хоп артисти, Тони Зен, настапија и осудени лица кои издржуваат казна затвор во оваа установа.
Настанот, кој претставува ретка можност за културни и уметнички активности во рамките на казнено-поправниот систем, им овозможи на осудените лица да го покажат својот музички талент и да делат иста сцена со докажан професионалец.
„На 02.09.2025 година во полуотвореното одделение на КПД Идризово беше организиран музички настан на кој заедно со најпознатиот балкански хип-хоп артист Тони Зен настапуваа и осудени лица кои издржуваат казна затвор во оваа установа, информираа и од Управата за извршување на санкции.
Соработката меѓу Тони Зен и осудените лица претставува позитивен пример за ресоцијализација и поттикнување на креативниот потенцијал кај оваа популација, нудејќи им можност за изразување и интеракција надвор од секојдневната затворска рутина.