Утрински Весник
Македонија

(фото+видео) Граѓаните алармираат: Вардариште предизвикува астми и гушења кај децата

80770e93 84c3 4f93 99a9 9fe408dd26d1.jpeg

Неколку десетици граѓани втор ден по ред протестираа против загадувањето од депонијата „Вардариште“. Со свирежи и транспаренти со пораки за чиста животна средина, тие се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Протестот се одржа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, поради што сообраќајот во овој дел од градот беше во прекин.

„Воздухот секојдневно мириса на пластика, тоа е штетно за здравјето“, изјави еден од демонстрантите за 24 инфо.


На прашањето кои се нивните барања, граѓаните одговорија дека сакаат да дишат чист воздух и конечно да се преземат конкретни мерки. „Официјалното барање е да можам да дишам чист воздух и да не ми мириса на изгорена пластика“, рече еден од учесниците.

Други жители побараа дислокација на депонијата, бидејќи, како што велат, не е во ред една таква локација да се наоѓа меѓу две големи општини.

Граѓаните предупредуваат дека проблемот директно го погодува здравјето: „Имаме деца со алергии, со бронхијални астми, со ноќни гушења, стари лица со респираторни болести. Сите овие години институциите молчат и ништо не преземаат. Од политичарите не очекуваме ништо – освен сликање за политички поени. Очекуваме научната фела и јавноста да нè поддржат“, порача една жителка на Аеродром.

Протестите ќе продолжат секојдневно сè додека не бидат видливи првите мерки за решавање на деценискиот проблем со „Вардариште“.

Можете да прочитате

Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто тепачките и булингот се секојдневие?

Одложена собраниската Надзорна комисија за АНБ и АР – пратениците најавуваат прес-конференции