Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со министрите за надворешни работи на Литванија, Египет и Јордан

1 1.jpg

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари одделни средби со министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, како и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеници на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Ал-Сафади.

На средбата со литванскиот министер, Муцунски изрази задоволство што годинава двете пријателски земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и продолжуваат да градат партнерски релации и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Тој нагласи дека Литванија е важен сојузник во рамките на НАТО и значаен поддржувач на евроинтегративниот процес на нашата држава.


Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Литванија за македонската интеграција во ЕУ и за нејзината стратешка визија во однос на проширувањето на Унијата и европската иднина на земјите од Западен Балкан. Особено беше потенцирана литванската експертска и техничка помош во исполнувањето на европските критериуми.

Двајцата министри ја потврдија посветеноста за натамошно унапредување и продлабочување на севкупните билатерални односи и соработка, базирани на длабоко пријателство и споделени вредности.

На средбите со министрите на Египет и Јордан беше нагласена заедничката заложба за интензивирање на билатералните односи, пред сè на политичко ниво, но и во делот на економијата, трговијата, културата и образованието.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година