Утрински Весник
Македонија

Кој ги штити виновните? – Прашаа семејствата на загинатите пред Обвинителството во Кочани

Img 5632.webp.webp

„Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа,“ порачаа родителите и семејствата на загинатите и повредените од кочанската дискотека „Пулс“ на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани.

Маршот започна во 17:05 часот од Паркот на револуцијата, а семејствата заедно со граѓани од Кочани и од други градови ја поминаа традиционалната маршрута – низ Трговскиот центар, покрај зградата на Општина Кочани, Полициската станица, за да завршат пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство.


Пред полициската станица и обвинителството семејствата упатија силни пораки за правда и одговорност. Тие побараа неселективна и транспарентна истрага, како и Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја информира јавноста до каде е постапката за вработените од МВР, за кои, како што рекоа, „се сè уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат нивните постапки“.

– Оваа борба не е само за нашите загубени синови и ќерки. Денес зборуваме во име на секое дете во оваа земја. Без независен и некорумпиран судски систем, без инстант политичка одговорност, државата повторно ќе ја изложи младоста на ризик. Кој ја одолговлекува постапката? Зошто институциите молчат? Кој ги штити виновните? Нашите деца ги нема, но вие имате обврска да ја истерате правдата – порачаа родителите.

Маршот заврши со апел институциите конечно да ја преземат одговорноста и да покажат дека во Македонија може да има правичен и некорумпиран систем кој работи за граѓаните.

Можете да прочитате

Филипче: Лоши економски политки на власта, платите стагнираат а странските иневстиции паднаа од 500 на 220 милони евра

Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование

Филипче: Ќе обезбедиме квалитетна настава и безбедни улици за децата