Утрински Весник
Македонија

Хаос низ Скопје по силниот ветер – паднати дрвја, оштетени кровови, возила, продавници и гаражи

14cea0c5 122e 430a bef9 407021e604b9.jpeg
Dik 300x250 mk

Силниот ветер што денеска попладне го зафати Скопје предизвика хаос низ градот, нанесувајќи материјална штета и нарушувајќи го секојдневното функционирање во повеќе општини, меѓу кои Чаир, Аеродром и Ѓорче Петров.

На повеќе локации беа пријавени паднати дрвја кои го блокираа сообраќајот и оштетија неколку возила. Во Чаир, ветерот откорна кров од една од станбените згради, а во Аеродром евидентирани се и оштетени продавници и гаражи. Сведоци на настаните велат дека сцените потсетуваат на невиден хаос, со дрвја и делови од конструкции распрснати по улиците.


Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митевски, излезе на терен и ги оцени состојбите како сериозни. „Се обидовме да оствариме контакт со ЈП ‘Паркови и зеленило’, кое е надлежно, но засега тие се недостапни. Нашите екипи веќе се на терен за да ги отстранат паднатите дрвја и да го нормализираат сообраќајот,“ изјави Митевски.

Од општините информираат дека целосно ќе се ангажираат за расчистување на улиците и обезбедување безбедност за граѓаните. Метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време ќе продолжи и апелираат на внимателност, особено во близина на дрвја, конструкции и други потенцијално опасни места.

Екипата на 24инфо е на терен и ќе известува со видео-снимки и фотографии од оштетувањата на ветерот – од откорнати кровови до дрвја и остатоци од оштетени објекти, што го илустрира хаосот што го предизвика ова невреме низ Скопје.

Општинските служби апелираат до граѓаните да не се движат во близина на потенцијално опасни места и да им се овозможи на екипите непречено да ги расчистат улиците, со цел да се намалат дополнителни штети и ризици.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево