Утрински Весник
Македонија

„Виз ер“ хаос: Патници од Белград тргнале за Крит но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Wizzair kosove 2ybjm6krdq2nnt5ev0h1xc 585x380 1.jpg
Dik 300x250 mk

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.

Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.


„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени, и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.

Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.

Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.

По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.

Засега од ТАВ Македонија нема официјално соопштение за настанот.

Можете да прочитате

Утрово минусни температури во Берово и Струмица

Орце најави – EXIT потврди во Јуни фестивал во Скопје!

Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ со доделување на награди и концерт на пијанистот Глигор Гелебешев