Утрински Весник
Свет

Мерц предупреди дека војната во Украина може да трае „многу месеци“ и бара разговори со САД

20250816170109 big 730x400 80.webp.webp

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека следната недела има за цел да одржи разговори меѓу европските и американските функционери околу војната во Украина, предупредувајќи дека конфликтот може да продолжи „уште многу месеци“.

– Силно се залагам ние – односно Европејците заедно со американската влада – внимателно да ги разговараме следните чекори, рече Мерц на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германските разговори во Тулон.


Целта мора да биде и рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски – „доколку е потребно со други учесници во разговорите“, рече Мерц.

– Сепак, немам илузии. Можно е оваа војна да трае уште многу месеци, додаде Мерц.

– Во секој случај, треба да бидеме подготвени за тоа. Ние сме подготвени за тоа – во тесна координација со нашите европски партнери, со Американците, а исто така и со Коалицијата на подготвените, рече тој.

Одржувањето на сојузот од околу 30 земји заедно е итна задача, рече тој.

Мерц, исто така, посочи дека во САД се разговара за дополнителни царини против земјите што ја поддржуваат Русија.

– Јас би бил многу за тоа доколку американската влада може да се одлучи за такво нешто … Нема да ја оставиме Украина на цедило, рече германскиот канцелар

Можете да прочитате

Опозициската партија Тиса ја зголемува предноста пред Фидес пред парламентарните избори во Унгарија

Маж застрелан во Аризона за време на инцидент со гранична патрола

Вашингтон разгледува можен воен удар врз Иран