Утрински Весник
Македонија

Активни шест пожари, под контрола четири

Pozar 5.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека има активни шест пожари, а четири се под контрола.

Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште каде гори сува трева, кај селото Копаница во општина Сарај каде исто така гори сува трева, како и кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане. Активни пожари има и во велешко кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско поточно кај месноста викана Ергела.


Под контрола се пожарите на планината Кожуф во општина Гевгелија, кај селото Мерово и кај селото Церово во општина Желино и на Јасен.

Според податоците на ЦУК, до 18 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари од кои осум се изгаснати.

Можете да прочитате

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците

Татко со нож го нападнал својот син

Преку измама го продал имотот на татко му, кривична пријава за две лица