Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Siljanovska davkova pretsedatel.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

Почитуван г.г. Стефан,


Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа.

Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности.

Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца. Не случајно, посетители на бројните цркви и манастири, посветени на Богородица, не се само христијани, туку и припадници на други религии.

И годинава, празникот Успение на Пресвета Богородица ќе го поминеме заедно со најблиските.

Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности.

Нека ни е честит и вечен празникот!

Можете да прочитате

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица