Утрински Весник
Македонија

Филипче: Додека ВМРО ДПМНЕ е на власт противниците на Македонија мирно спијат

Venko press sdsm 3.jpeg
Dik 300x250 mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одговори на постојаните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека се апсолутна невистини со цел лична дискредитација затоа што владата нема никаков резултат и нема што да покажат.

-Сите тие обвинувања апсолутно не се вистина. Целта е да дискредитираат. Прво, дека сум имал куќа во Нерези – за тоа пишуваше вашиот медиум, но кога една ваша колешка беше таму и сними, излезе дека не е вистина. Потоа, дека имам поклон-џип – исто така не е вистина. Дека имам зграда во Дубаи – повторно невистина. Дека имам јахта – и тоа не е вистина. Нивната мантра е: „Ти си лопов, криминалец, предавник”. Но тоа не ме прави помалку храбар, напротив – уште повеќе ме мотивира да се борам за доброто на државата. Знам дека ВМРО-ДПМНЕ и сите што го иницираат и спроведуваат тој процес, тоа го прават затоа што немаат резултати. Немаат што да покажат. Тие плаќаат луѓе за ситни пари да шират лаги, а во исто време се занимаваат со многу големи бизниси – со огромни кредити и договори во четири очи. Но полека вистината излегува на виделина: државата е ставена на слеп колосек за Европа, платите стагнираат, стандардот тоне, младите се иселуваат, рече Филипче.


Ќе завршам со тоа: Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, противниците на Македонија мирно спијат, рече денеска претсдателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик