Утрински Весник
Македонија

Лефков жестоко го нападна Апасиев: „Двојни стандарди и лицемерие на квадрат“

Black white grayscale building construction presentation 3.jpg

Пратеникот Миле Лефков јавно му одговори на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за двојни стандарди и лицемерие во политиката. Лефков во својата изјава порача дека „Димче не е тоа што беше“ и дека „го расипале кешот и квадратите деловен простор“.

„Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди,“ рече Лефков, додавајќи дека суштинскиот проблем е тоа што лидерот на Левица јавно проповеда анти-ЕУ ставови, додека неговото најблиско семејство користело европски средства преку програмата „Еразмус“.


Лефков потсети дека како член на Комисијата за европски прашања во целиот претходен мандат се спротивставувал на злоупотребите на европските фондови од страна на СДСМ и ДУИ, додека Апасиев за тоа време не присуствувал на ниту една комисија. „Во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома,“ додаде тој.

Пратеникот го спореди Апасиев со „самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето“, обвинувајќи го дека мобилизира троловски армии за да шири лаги и клевети.

„Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат. Апасиев не може да ја ‘плука Европа’ и истовремено да живее од европски пари,“ нагласи Лефков.

„Разобличен си, лажго кој нарачува најдолни клевети. Порано беше покреативен, ама те расипаа квадратите и кешот другар,“ заврши Лефков во својата жестока реакција.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи