Утрински Весник
Свет

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема

Image 2025 08 26 184757650.png

Претседателот на Боцвана, Дума Боко, прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на основни лекови и медицинска опрема, а воедно откри и мултимилионски план за справување со проблемите во синџирот на снабдување, кој вклучува воен надзор.

Претседателот Боко изјави дека тешко ќе се одвива решавањето на овој проблем пред се поради лошата состојба во економијата на Боцвана, но истакна дека Министерството за финансии одобрило 250 милиони пули (околу 15,9 милиони евра) за оваа намена, објави Би-Би-Си.


Министерството за здравство претходно овој месец соопшти дека се соочува со „значајни предизвици“, вклучувајќи недостиг на медицинска опрема и долгови од над една милијарда пули (63,8 милиони евра).

Најголемиот дел од овие долгови настанале поради приемот на пациенти во приватни болници за услуги кои не се јавно достапни.

Според министерот за здравство, Стивен Модисе, ова вклучува лекови и материјали за лекување на рак, ХИВ и туберкулоза.

Агенцијата на ОН за помош на болните од ХИВ – УНАИДС, наведе дека пред намалувањето на американската помош, издадена од претседателот Доналд Трамп, САД финансираа една третина од лековите за ХИВ во Боцвана.

Министерството за здравство на Боцвана, исто така, привремено ги суспендираше упатувањата за неитни операции и сите други третмани за неитни медицински проблеми, вклучително и трансплантација на органи.

„Не се сомневам дека наскоро ќе го надминеме ова, многу брзо. Ова дефинитивно не е непремостливо“, рече Модисе.

Како дел од напорите на војската за дистрибуција, првите камиони вчера требаше да го напуштат главниот град Габороне и до вчеравечер да пристигнат до најодалечените области, јавија британските медиуми.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море