Утрински Весник
Македонија

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво

Avtobus.jpg

Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10 007 000 патници, што е намалување за 6.3 проценти во однос на истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најголемо намалување од 27,7 проценти има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6 проценти, меѓуградскиот со 5,2 проценти, како и приградскиот 3,5 проценти.


Вкупниот број на патничките километри во втоорто тримесечие од годинава е 256 889 000 и е зголемен за 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е зголемен за 35,4 проценти, во приградскиот превоз за 9,1 процент, во меѓународниот за 32,5 проценти, а намалување од 0,2 проценти е регистрирано во меѓуградскиот превоз.

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч