Утрински Весник
Македонија

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

528530426 1338755241388393 2626031026163588213 n.jpg
Dik 300x250 mk

Под мотото „Побарај ја забавата“ денеска почнува петнаесетото издание на Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија.

Како што најави организаорите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во девет градови низ земјава од 25 август до 6 септември на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од сите краеви на светот.


Фестивалскиот караван ќе започне во Кисела Вода, а потоа ќе продолжи во Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово.

Од 1 до 4 септември, Баскерфест повторно ќе биде пред скопската публика – во општините Бутел, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров. Последните две фестивалски вечери ќе се одржат во Куманово и Гевгелија. Сите претстави ќе започнуваат во 19 часот. 

Меѓу учесниците се Plucie Ogniem од Полска со огнен спектакл, Hiram Meza од Чиле со театарско-циркуски настап, Mr. Mostacho со уницикл-шоу „Equilibrium“, Edu Boneco од Бразил со куклите Carolina и Maria Beijoqueira, Sean Rooney од Канада со балон-уметност, како и македонскиот артист Кристијан Бенито. Уличната магија ќе ја збогатат и The Beat Killers Academy од Албанија, статуите од Србија и DJ MartiAn со музички перформанси.

Баскерфест е еден од најзначајните улични фестивали во Македонија, кој веќе 15 години ја претвора секојдневната урбана средина во сцена за уметност, радост и спонтаност. Се одржува на отворено, без сцена и без билети, директно меѓу луѓето – на улиците, плоштадите и јавните простори.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница