Утрински Весник
Македонија

Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Брегот на Охридското Езеро непречено се узурпира, тампонира и гради, а институциите предводени  од СДС-ДПМНЕ со години молчат и покрај бројните реакции и алармирања од граѓаните. 


Во 2016 година, на земјиште во сопственост на државата, а дадено на користење на ЈУ Национален парк – „Галичица” (во центарот на с. Пештани) е изградена бетонска ограда без одобрение за градење, како и ресторан на крајбрежјето. 

Иако од градежен инспектор е донесено решение за отстранување на градбата, речиси и после 10 години, ова решение не е спроведено, што е сериозен показател на организирано заштитување на поединци и селективна примена на законите. Според достапната документација, СВР Охрид тогаш поднело кривична пријава против правното лице ТДГПТУ „Толески Никола Дебој Инженеринг” – Охрид и против одговорното лице Н.Т.  Никола ТОЛЕСКИ (59) од с. Пештани, поради сомневање за сторено кривично дело „Узурпација на недвижност”.  

Никола Толески е инвеститор и на контроверзниот хотел во Лагадин, за кој Зоран Заев од партиски митинг ветуваше дека хотелот-дивоградба нема да се руши.

Речиси и после 10 години од Решението за отстранување на бесправната градба на државно земјиште, дивоградбата продолжува да функционира! Иако после трагедијата во Кочани, министерот за транспорт Александар Николоски најави вонреден инспекциски надзор на крајбрежјето на Охридското езеро, резултати од овој надзор нема, поединци продолжуваат да се штитат – на сметка на чесните граѓани кои уредно си ги плаќаат своите давачки кон државата.

Можете да прочитате

За две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од Македонија, колку ќе заминат во октомври годинава?!

Сајкоски: Од 27 август до 3 септември собираме предлози за програмите за локалните избори

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ