Утрински Весник
Македонија

Поместени границите во ортопедска трансплантација на Клиниката за ортопедија

20250822114720 big 730x400 60.webp.webp

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство.

Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од др. Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева. Дел од тимот беа и инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рендген техничарот Силвана Станковска.


Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност, наведуваат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Нови правила за боледување: Помалку испитувања и електронско упатување до комисија

ВЛЕН: Конкретни резултати за Албанците во МВР, 428 унапредувања и над 150 вработувања

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот