Утрински Весник
Свет

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

West bank.webp.webp

Големиот план за населување на окупираниот Западен Брег што Израел го одобри вчера е „неприфатлив“ и претставува „кршење на меѓународното право“, наведоа во заедничка изјава 21 земја, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција.

„Ја осудуваме оваа одлука и најцврсто бараме таа веднаш да се поништи“, додадоа шефовите на дипломатиите на 21 земја.


Клучниот план за изградба на 3.400 станови на Западниот Брег, територија што Израел ја окупира од 1967 година, предвидува оваа палестинска територија да се пресече на два дела, што оневозможува секаков можен територијален интегритет на некоја идна палестинска држава.

„Мерките што ги презема израелската Влада ја доведуваат во прашање нашата заедничка желба да осигураме безбедност и просперитет на Блискиот Исток“, наведоа министрите за надворешни работи на 21 земја, вклучувајќи ги Канада, Шпанија и Италија.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, исто така, е потписничка на текстот.

Во текстот се повикува израелската Влада да престане со изградба на населби и да ги укине финансиските ограничувања наметнати врз Палестинската самоуправа.

Планот вчера беше осуден и од ОН.

Можете да прочитате

Трамп претпочита да не присуствува на евентуалната средба Путин-Зеленски

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

Руте: Сојузниците на НАТО и Украина работат на безбедносни гаранции за да спречат повторен напад на Русија