Утрински Весник
Македонија

Пресек до 18 часот: Седум активни пожари, еден се држи под контрола

Pozar 1.webp.webp

До 18:00 часот на територија на цела држава има регистрирано 20 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а 12 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“ и во општина Студеничани, кај село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка.


Активни пожари има во струшкото село Подгорци, кај прилепското село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, во општина Росоман: село Дебреште и во општина Кичево: село Душегубица.

Под контрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане, кај село Канарево, каде беше зафатена ниска вегетација.

Изгаснати пожари има во општините Маврово – Ростуше, Боговиње, Ѓорче Петров, кај село Волково и кај село Орман, Струга, Липково, Струмица, Долнени, Кратово, Кичево, Студеничани и општина Гази Баба, кај село Трубарево.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!