Утрински Весник
Свет

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

20250820191941 big 730x400 94.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американските власти објавија дека воведуваат нови санкции против француски и канадски судии, како и против двајца обвинители, во Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој стана цел на администрацијата на Трамп.

Мерката доаѓа покрај санкциите објавени на почетокот на јуни насочени кон уште четири судии на МКС, додека во февруари, САД го санкционираа обвинителот на МКС, Карим Кан.


„Денеска објавувам санкции против Кимберли Прост од Канада, Николас Гилу од Франција, Наџат Шамим Кан од Фиџи и Мама Мандијаја Нианг од Сенегал“ за „директно учество во напорите на МКС за истрага, апсење, притворање или гонење граѓани на САД или Израел, без согласност на која било земја“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио.

Според него, САД јасно и цврсто го изразија своето противење на политизацијата на МКС.

Рубио додаде дека МКС со седиште во Хаг претставува „закана за националната безбедност и се користи како инструмент за правна војна против САД и нивниот близок сојузник Израел.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија