Утрински Весник
Македонија

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Image 2025 08 19 135603344.png

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да ја избегне царинската контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатило кон рампата, со што го попречило во извршување на службеното дејствие.


При запирањето на возилото, истото било селектирано за детална контрола, при што биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки со вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во висина од 508.048 денари.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025