Утрински Весник
Свет

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026

20221128071129 big 730x400 77.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе издаде указ за укинување на гласањето по пошта и употребата на електронски машини за гласање пред изборите за Конгресот во 2026 година, јави ДПА.

„Ќе поведам движење за укинување на гласачките ливчиња по пошта, како и на, да ги наречеме, неточните, скапи и крајно контроверзни машини за гласање“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушл“.


Тој додаде дека ќе потпише указ со цел да ја зајакне чесноста на изборите. Трамп повеќепати во минатото тврдеше дека гласањето по пошта и машините за гласање се причина за неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година.

Не е јасно дали ваквата иницијатива може да стапи во сила, бидејќи изборните закони во САД претежно се одредуваат на ниво на сојузни држави.

Меѓуизборите за Конгресот ќе се одржат во ноември 2026 година, кога ќе се избираат сите членови на Претставничкиот дом и една третина од Сенатот.

Можете да прочитате

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Потона брод со мигранти, над 50 загинати