Утрински Весник
Македонија

„Ни газди, ни плата“ – конфекција во Штип ги остави вработените на улица

Img 4270.jpeg
Dik 300x250 mk

Повеќе од 50 работници од една конфекција во Штип утрово се најдоа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работа по летниот одмор. Наместо вообичаеното враќање на работните места, нив пречекало само кратко соопштение залепено на влезната врата.

Во пораката, работниците биле упатени самостојно да се пријават во Агенцијата за вработување, без никакви информации за заостанатите примања или за идниот статус на компанијата.


Според нивните сведочења, сопствениците на фирмата – државјани на Хрватска и Германија – исчезнале без никакво известување, оставајќи ги вработените без плати и без контакт. „Газдите ни се Хрват и Германец, а ние немаме кому да се обратиме. На вратата само оставиле известување до кога ни трае договорот. Ние платата ја бараме од нив и од директорката, но нив никаде ги нема,“ велат револтирани работнички.

Незадоволството кај работниците расте, а тие најавуваат дека ќе бараат институциите да се вклучат за да им бидат заштитени правата и исплатени заостанатите плати.

Можете да прочитате

Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега

Подгответе се: Се очекуваат обилни врнежи и силен ветер, од утре пад и на дневната температура

Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко