Утрински Весник
Македонија

До крајот на денот времето ќе биде облачно со локален пороен дожд и грмежи

Grom.jpg

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.


Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање, информира УХМР.

Можете да прочитате

„Ај медија“: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар