Утрински Весник
Свет

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк

20250817153245 big 730x400 46.webp.webp

Најмалку три лица се убиени, а осум се повредени во пукотница во клубот „Tastes of the City Bar“ во Бруклин, Њујорк, соопшти денеска њујоршката полиција.

Полициската комесарка во Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција изјави дека жртви се тројца мажи, на возраст од 27, 35 години и една со непозната возраст, но не ги откри нивните имиња.


Осум повредени лица биле итно префрлени во блиските болници во непозната состојба кратко време по пукотницата, која се случила околу 3:27 часот утринава.

Не се идентификувани осомничени и не се извршени апсења.

Тиш рече дека на местото на настанот на адресата Франклин Авенија 903 се пронајдени 36 чаури.

Таа додаде дека пукањето било „ужасно“, но нагласи дека тоа е аномалија во услови на пад на статистиката за криминал во Њујорк.

-Имаме најмал број инциденти со пукање и жртви од пукање во Њујорк за седум месеци од годината. Нешто вакво е, секако, фала му на Бога, аномалија и тоа е ужасна работа што се случи утрово.

Можете да прочитате

Литванија сака да ја укине забраната за нуклеарно оружје, Kремљ предупредува на ескалација

Насилни протести во Барселона поради станбената криза

Насилни протести во Барселона поради станбената криза