Утрински Весник
Свет

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

1744390802 tramp.jpg
Dik 300x250 mk

Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во Вашингтон, американскиот претседател, Доналд Трамп објави краток коментар на неговата социјална мрежа „Truth Social“ за преговорите што во петокот ги имаше со рускиот претседател со Владимир Путин.

„ГОЛЕМ НАПРЕДОК ЗА РУСИЈА. СЛЕДЕТЕ! Претседател ДЈТ“, напиша Трамп.


Минути претходно, американскиот претседател ги нападна „лажните вести“, велејќи дека ја искривиле вистината за неговата средба во Алјаска со рускиот претседател.

„Доколку успеав да ја убедам Русија да ја предаде Москва како дел од договорот, лажните вести и нивниот ПАРТНЕР, радикалната левица, ќе рекоа дека направив ужасна грешка и многу лош договор“, објави Трамп.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците