Утрински Весник
Македонија

Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18ти „Марш за ангелите“

Kocani protest 1 1024x576 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Денеска во Кочани се одбележуваат пет месеци од трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица, а повеќе од 200 добија физички и психички повреди.

Во чест на загинатите, денеска ќе се одржи осумнаесеттиот по ред „Марш на ангелите“. Маршот започнува во 18:05 часот, симболично време кое ја означува доцната и, за жал, фатална институционална реакција на надлежните.


Граѓаните, семејствата на загинатите и пријателите ќе се соберат за да оддадат почит на загубените животи и да испратат јасна порака дека нема да се откажат додека не биде постигната правда за нивните деца.

„Маршот на ангелите“ има и континуиран карактер на повик до државните институции за одговорност, транспарентност и спречување на слични трагедии во иднина, истакнуваат организаторите.

На настанот се очекува да учествуваат голем број граѓани од Кочани и пошироката околина, со цел да се оддаде почит на жртвите и да се поттикне свеста за важноста од строгата примена на безбедносните стандарди во ноќните клубови и јавните простори.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?