Утрински Весник
Свет

Поделени реакции во светот за самитот Трамп-Путин

20250816125320 big 730x400 26.webp.webp

Светските лидери реагираа на самитот меѓу американскиот претседателот, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите се поделени, некои го критикуваат недостигот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го пофали одржувањето на самитот и ја нагласи важноста на дијалогот.


„Светот е побезбедно место сè додека САД и Русија разговараат. Војната во Украина нема да се реши на фронтот, туку на преговарачката маса“, рече Сијарто, додавајќи дека Унгарија со години повикува на преговори, за разлика од, како што рече, „провоените политичари од Брисел“.

Шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Ајде, пак, рече дека Путин на самитот „ги повторил неговите добро познати пропагандни наративи“ и оцени дека е потребно да се зголеми притисокот врз Москва.

„Мораме јасно да ѝ ставиме до знаење на Русија дека ќе ги сносат последиците. Путин се обидува да ги подели Европа и САД и ние мора да го спречиме тоа“, рече Ејде, додавајќи дека не очекува веднаш промени на фронтот во Украина.

Чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, оцени дека состанокот „не донел никаков суштински напредок“, туку ги откри, како што изјави, „вистинските мотиви и пропагандните цели на рускиот лидер“.

„Путин не бара мир, туку ги користи ваквите состаноци за да го ослаби западното единство и да ја оправда агресијата. Затоа е клучно Западот да остане обединет и упорен во својата поддршка за Украина“, напиша Чернохова на Платформа X.

Самитот во Алјаска траеше речиси три часа, но не доведе до мировен договор или прекин на огнот.

Украинската страна не беше вклучена во разговорите, а меѓународните набљудувачи истакнуваат дека останува неизвесно дали состанокот ќе иницира конкретни мировни иницијативи, јавија британските медиуми.

Можете да прочитате

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии

Европските лидери поканети на средбата Трамп-Зеленски во Белата куќа