Утрински Весник
Македонија

Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!

Meteoalarm.mk 32.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на викендов (сабота  и недела 16/17 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со малку попријатни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски за разлика од оние температури кои ги имавме во изминатиот период. Во попладневните часови ќе има развој на изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за појава на краткотрајно невреме.


И во Скопје  и околината викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината има помали услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Повремено ќе засилува ветер од североисточен правец, особено денес (сабота 16 август).

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните температури викендов ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе се спушта до околу 17 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.

Можете да прочитате

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка

Животното од Козле е вистински волк, потврдија домашни и странски експерти

Филков: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК за  одлуката за запирање на истрагата за мазутот