
Туристичката сезона е во полн ек, а со неа растат и измамите на патиштата. Сè почесто се пријавуваат случаи во кои возачите стануваат жртви на лажни „спасители“ кои се појавуваат веднаш по дефект на возилото. Тие нудат влечни услуги и сервис, но наместо да го однесат автомобилот во најблиската и поволна работилница, го транспортираат во далечни и прескапи сервиси, оставајќи ги патниците со енормни сметки.
Една од најчестите шеми е позната како „измама со ретровизор“. Измамниците намерно предизвикуваат оштетување или само симулираат дека го оштетиле сопстевното страничното огледало на возилото, а потоа од вас бараат готовинска отштета на лице место. Често користат и метод на саботажа – додека возачот е на пауза, намерно оштетуваат гума или друг дел од возилото, за потоа „случајно“ да се појават и да понудат помош.
Туристите се идеална цел поради јазичните бариери и непознавањето на локалните услови. Во вакви ситуации, возачите често се збунети и под стрес, па прифаќаат помош без да проверат дали е легитимна.
Совети за заштита:
При принудно запирање, останете во автомобилот и заклучете ги вратите.
Секогаш најпрво повикајте официјална помош или полиција.
Пред продолжување на патот, направете брза проверка на возилото.
Не прифаќајте услуги од лица или компании кои изгледаат сомнително или премногу стручно.
Овие методи можат да предизвикаат сериозни финансиски загуби и непријатности. Бидете внимателни и не дозволувајте стресот или брзањето да ве натера да донесете погрешна одлука.