Утрински Весник
Македонија

Авион и хеликоптер го гаснат пожарот кај Јажинце – граничниот премин целосно затворен

628fc8a8 a969 43dd 8e8e 54710f92cdd7 1536x864 1.jpg

Голем пожар изби попладнево во околината на Јажинце, при што патот кон граничниот премин со Косово е целосно затворен.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на ширењето на огнената стихија. На терен се сите противпожарни екипи од Тетово, заедно со две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување.


Кон местото на пожарот се упатени и авион „Ер Трактор“ од Дирекцијата и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поради интервенцијата, сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце, кај селото Рогачево, е во прекин во двата правци. Затворен е и граничниот премин Јажинце до понатамошно известување.

Властите апелираат до граѓаните да ја избегнуваат областа и да не го попречуваат движењето на службените возила. МВР, во координација со другите надлежни институции, презема мерки за целосно гаснење на пожарот и нормализација на сообраќајот, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Можете да прочитате

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар