Утрински Весник
Македонија

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

20250814160746 big 730x400 21.webp.webp
Dik 300x250 mk

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира дека органите на партијата донеле одлука на локалните избори закажани на 19 октомври да настапи самостојно.

-Денес, како Демократска партија на Турците на Македонија, се обраќаме пред вас со одлука што ќе отвори ново и значајно поглавје во политичката историја на турската заедница во нашата земја. По долги и темелни консултации со нашите членови, органи и сограѓани, Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата донесе едногласно одлука дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ДПТМ ќе настапи самостојно – со сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница, потенцираат од ДПТМ.


Од партијата посочуваат дека за нив изборите не се обична трка за советнички места, туку, како што велат, тие се борба за достоинствено, јасно и ефикасно политичко претставување на турската заедница.

-Во согласност со јасно изразената волја на народот, донесена е и одлука за излегување од коалицијата „Европски фронт“. Со овој чекор ја зацврстуваме нашата независна политичка позиција и ја потврдуваме нашата решеност директно да му служиме на народот, без посредници и компромиси што би ја разлабавиле нашата мисија. Демократската партија на Турците на Македонија останува верен и доследен чувар на интересите на турската заедница. Листите за советници ќе ги составуваме во непосредна соработка со народот – нашите врати остануваат отворени за секој граѓанин кој сака активно да придонесе за подобра иднина. Секој наш кандидат ќе биде дел од народот и глас на народот. Ние ќе дејствуваме целосно независно, водени од нашата визија, принципи и верба во заедничките вредности, се наведува во соопштението на партијата.

Нашата цел, како што посочуваат од ДПТМ, не е само да победиме на изборите, туку да обезбедиме достоинствено и ефективно претставување на турската заедница пред локалните власти.

-Заедно ќе чекориме, заедно ќе успееме. Сега е времето за единство! Нека овие избори бидат на чест и корист за нашата држава, нашата нација, нашиот народ и нашата партија, соопштуваат од Демократската Партија на Турците на Македонија.

Можете да прочитате

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025