Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

Zamrznato Meso 324x235 1.jpg

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари.

Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.


Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот, се вели во соопштението до медиумите.

Можете да прочитате

Синдикатите во Македонија: Од заштитници на работникот до сенки на системот

10 месеци затвор за Костадинова за злоупотреба на европски средства

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар