Утрински Весник
Македонија

Во вторник и среда уписи на УКИМ, има место за 9.719 бруцоши

Ukim1.webp.webp

Во вторник и среда (19 и 20 август) е првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за академската 2025/2026 година.

Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.


Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ (590).

Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

На 19 и 20 август е првиот рок за пријавување на кандидатите, вториот рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025.

Можете да прочитате

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година