Утрински Весник
Македонија

СДСМ со нови детали за скандалот со директорката:  Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+

Jovanche manaskov pres.jpg
Dik 300x250 mk


Прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСM

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал.


Лице под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, Владата ja назначи за прв човек на Националната агенција која располага со парите од Еразмус +.

Ова е голем пораз и за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на младите во институциите.

И наместо да побара одговорност, министерката Јаневска вели дека „ќе се продолжела мисијата”. Која мисија? На партиските и бизнис интереси?

ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината, но само дополнително ја закопа Владата. 

Велат дека назначувањето било „во координација”, обидувајќи се да избегнат одговор на клучното прашање: дали Европската унија дала согласност Ана Михајлов да биде избрана за в.д. директорка?

Според свиркачите кои до нас ги доставија информациите, одговорот е НЕ.

Напротив, нашите извори наведуваат дека од Брисел експлицитно било соопштено дека јавниот оглас кој бил објавен е нелегитимен и дека мора веднаш да се повтори за да има нови кандидати.

Свиркачите информираат дека меѓу причините за ова е токму кандидатурата на Ана Михајлов – најоспорената личност во целата постапка.

Наместо власта да ја почитува процедурата и да побара мислење од ЕУ за прифатливо лице, нахално и зад грбот на јавноста ја именува истата личност за в.д. директорка.

Зошто?

Од 2014 до 2017 година, во времето кога Михајлов (тогаш Митровска) била одговорно лице за евалуаторите во Националната агенција, заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле доделени преку 8 милиони евра. 

Дали овие 8 милиони евра биле доделени законски или се дел од истрага за проневера на европски пари?

Каква е улогата на Бошко Нелкоски – првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка? Дали во извештајот на ОЛАФ токму Нелкоски е посочен како иницијатор на организирана проневера и незаконско доделување на средства?

Каква е поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес” и „Агронимија Органика”? Дали овие фирми се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ?

Во чии џебови завршиле 8 милиони евра,  европски пари?

Одговорите на овие прашања го откриваат вистинскиот мотив зошто Ана Михајлов е назначена за в.д. директорка, иако е дел од истрагата на ОЛАФ.

СДСМ бара:

-Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и да обезбеди услови истрагата на ОЈО да продолжи.

-Обвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во овој скандал да одговараат.

За злoупортреби нема место во образовниот систем.

Одговорност мора да има!

Можете да прочитате

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Почина Коста Јаневски, еден од основачите на радиото „Антена 5“